Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти, инаку тренер на Реал Мадрид, ги демантираше информациите дека е еден од главните кандидати за селектор на Бразил, а потоа накратко се осврна на Светското првенство и на новиот шампион Аргентина.
- Дури и да не смисли ништо ново, нивниот тренер Скалони заврши извонредна работа. Но, сè најдобро за Аргентина – истакна Италијанецот.