Светскиот тениски рекет број еден, Шпанецот Карлос Алкараз, мораше да се огласи на друштвената мрежа Инстаграм поради измама. Шпанецот има армија на обожаватели, а бројот на следбеници на Инстаграм достигна речиси четири милиони.

Поединци се обиделе да ја искористат популарноста на Алкараз и да договорат состаноци за запознавање со шампионот од Вимблдон.

Тие едноставно сакале да заработат од неговиот успех, претставувајќи се како Карлос, поради што 20-годишникот мораше да реагира.

  • Ми беше објаснето дека има поединци кои лажно тврдат дека ме претставуваат и им нудат на навивачите можност да се сретнат со мене ако платат. Јас и мојот тим не стоиме зад ова, ниту учествувам на такви состаноци. Моите навивачи се најдобрите и тажен сум што поединци се обидуваат да ги искористат, напиша Алкараз.

Популарниот Карлитос моментално се наоѓа во Торонто каде во второто коло ќе игра против подобриот од Бен Шелтон и Бербане Запата Миралес. Тој во финалето на грен-слем турнирот во Лондон, во пет сета го победи Србинот Новак Ѓоковиќ. Алкараз на американската турнеја ќе настапи и во Синсинати, а кулминацијата ќе биде со настапот на САД Опен каде што ќе ја брани титулата.