Пред некоја ноќ, Карлеуша беше видена со пријателите на еден белградски сплав. Без нејзиниот Дуле. Повеќе од одлично расположена, а за модните крпчиња кои ги имаше на себе, секој што ја виде, едноставно занеме. Покрај линијата што ја доведе до совршенство, сите беа воодушевени и од нејзиниот секси тантела-стајлинг.
„Мала од скандала“, контроверзната пејачка Јелена Карлеуша не излегува многу да се журка низ белградскиот полноќен живот. Но кога тоа ќе ѝ се случи, нејзиното ноќно журкање не може да остане незабележано. Карлеуша тогаш сите ги остава без здив. Сите погледи на присутните се вперени само во неа.
Така и пред некоја ноќ, Карлеуша беше видена со пријателите на еден белградски сплав. Без сопругот Дуле. Повеќе од одлично расположена, а за модните крпчиња кои ги имаше на себе, секој што ја виде, едноставно занеме.
Покрај линијата што ја доведе до совршенство, сите беа воодушевени и од нејзиниот секси тантела-стајлинг.
Секси-Јеца за време на вечерата со пријателите беше многу провокативна: облечена (или соблечена) во црни длабоки гаќички и со интересни чорапи од тантела, заедно со интересен винтиџ-ланче „Шанел“, надополнето со алки од брендовите „Картие“, „Ван Клиф и Арпелс“. Сè на сè, за „ситните“ 28.000 евра. Карлеуша откако заврши со гала-вечерата, стана и да танцува. Во ритамот на грчките сиртаки-хитови, но и најсилните нејзини танци и секси движења со телото беа додека ди-џејот ја пушташе хит-песната „Главо луда“ со Здравко Чолиќ. Сосема јасно дека главата на Јелена е честопати и луда и забавно-интересна. Како и нејзиното (с)облекување. Д.М.