Дали имате навика да појадувате во исто време и дали знаете кое време е најдобро за првиот оброк во денот?
Сите знаеме колку е важен појадокот во текот на денот. Често се поставува прашањето дали има најдобро време за појадок, а со оваа тема се занимавале и научниците. Тие неодамна открија што се случува ако јадете помеѓу 7 и 9 часот наутро. А кои се навиките на лекарите, луѓето кои ни ги даваат овие совети?
“За губење на тежината, најдобро е да се обидете да не јадете доцна навечер. Наизменичното постење може да помогне во тоа. Целта да се заврши со јадењето до 17 или 18 часот може да биде многу корисно”, објасни д-р Мери Бранч, кардиолог, додавајќи дека секој ден појадува во 7:45 часот.
„Тоа ми помага да го започнам мојот деноноќен ритам за тој ден“, рече таа, додавајќи дека оброкот пред работа може да помогне во ефикасноста и продуктивноста.
„На вашиот мозок му треба енергија за да работи добро“, истакна докторката.
Истражувачите откриле дека луѓето кои појадувале пред 8 часот, престанале да јадат пред 21 часот и имале помали шанси да развијат срцеви заболувања.
„Да се јаде прерано не е проблем. Се зависи од вашата рутина. Ако работите од 6 часот наутро, во ред е да јадете порано“.