Карачиќ три години во Киелце

194

Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ од следната сезона ќе биде дел од тимот на полскиот шампион Киелце, пренесуваат медиумите од Полска, иако официјална потврда од македонскиот шампион за неговото заминување нема.

Хрватот со полскиот тим ќе потпише тригодиша соработка, а тренерот Талант Душебаев успеа да го спои ударното трио на „црвено-црните“, кое стигна до трофејот во Лигата на шампионите. Претходно од Вардар во Киелце заминаа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев, но прашање е дали повторно ќе играат заедно, бидејќи за Циндриќ сериозно е заинтересиран тимот на ПСЖ.

  • Тој е одличен играч, ќе донесе квалитет во нашата игра, заедно со Лука Циндриќ. Сигурен сум дека направивме вистински избор, рече првиот човек на Киелце, Сервас.