Бекот на актуелниот шампион во Европа, екипата на Вардар, Игор Карачиќ, е прогласен за МВП на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите, откако со својот клуб ја освои титулата во најквалитетното клупско натпреварување.

И покрај тоа што беше неизвесен за финалниот натпревар, поради повреда која ја доби во полуфиналето против Барселона, сепак Карачиќ „стисна заби“ и на крајот имаше зачаен придонес во победата на „црвено – црните“ над Веспрем со 27:24.

Карачиќ мечот го заврши со три погодоци, но имаше и неколку инзвонредни асистенции.