Објавувањето на Законот јазиците без потпис на претседателот Ѓорге Иванов,за професорката Тања Каракамишева претставува неуставен и дрзок чин на Талат Џафери,но пред се на директорот на Службен весник, за кој ќе мора да следи кривична одговорност.
“Со чинот на објавувањето на законот без потпис на Иванов директорот стори кривично дело и ќе мора да одговара. Дополнително што неговото образложение зошто го објавил законот без потпис на Иванов е смешно и недолично за носител на јавни овластувања. Одговорноста на претседателот Иванов не може да ја цени директорот на Службен весник, а уште помалку Таљат Џафери, бидејќи се знае како согласно Уставот се утврдува таквата евентуална одговорност”.-вели професорката Каракамишева