Караванот за вакцинација во Струмица: Најголем интерес за третата доза/ФОТО

90

Караванот за вакцинација што го организира министерството за здравство со поддршка од СЗО, УСАИД и УНИЦЕФ ја посети Струмица. Плоштадот Гоце Делчев беше местото на кое заинтересираните имаа можност да се вакцинираат, но и да добијат информации за придобивките од имунизацијата против ковид 19. Граѓаните најголем интерес покажаа за третата, но имало и такви кои денес ја примиле првата доза.

 

Од Здравствен дом Струмица најавуваат дека вакцинацијата во регионот продолжува и после караванот. Освен на пунктот во нивните простории,  екипи ќе бидат активни и на терен,а продолжуваат и посетите во домашни услови со вакцинацијата на старите и немоќни лица.

Пунктот за вакцинација во Струмица беше отворен на 17 март минатата година. Од тогаш па заклучно со  22 март оваа година вкупно  биле аплицирани 57 194 дози дози. Од нив 27 333 прва доза, 25 949 втора и  3912 трета доза. Преку теренска вакцинација која се реализираше од јули до септември минатата година биле аплицирани 7430 дози. Околу 200 лица биле вакцинирани во домашни услови.

Караванот со кој е планирано да бидат опфатени 14 локални заедници низ целата држава утре ќе биде во општина Ново Село.

З.Ѓ.