Францускиот ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ, го оперираше коленото во октомври минатата година, а сега му се приклучи на својот тим ПСЖ. Но засега нема официјален датум за неговиот кам-бек на терените. ПСЖ ќе му остави простор да се врати во ритам и да одлучи заедно со докторите кога ќе ја продолжи својата ракометна авантура.

Екипата од Париз ќе биде дел од завршницата во Лигата на шампионите. Се појавија шпекулации дека Карабатиќ би можел да добие мала минутажа, во борбата тимот да стигне до историска титула во елитното клупско натпреварување.

Француската легенда исто така сака уште еднаш да биде дел од Олимписки игри. Оваа година Токио ќе биде домаќин на ракометниот турнир.