Кан: Судир меѓу Пакистан и Индија би можел далеку да одекне

64

Премиерот на Пакистан Имран Кан денеска предупреди дека ќе има крвопролевање кога Индија ќе го укине полицискиот час во спорниот регион Кашмир.

Тој исто така предупреди дека секој сеопфатен конфликт меѓу двете земји со нуклеарно оружје ќе одекне далеку над нивните граници.

Изјавата е дел од страсното обраќање на Кан во Генералното собрание на ООН, во кој потсети дека минатиот месец Индија ја укина повеќедецениската автономија на делот од Кашмир, кој е под нејзина контрола.