КАН ДОБИ ДРУГАРЧЕ, ОД НИРНБЕРГ ВО ЗОО ПРИСТИГНА МАЛИОТ ГЕТЕ

211

Од Нирнберг пристигна Гете, година и пол старо морско лавче, кое ќе живее заедно со Кан.

Како што соопштуваат од Зоолошката градина, за Гете е подготвено и ново базенче каде ќе одмора и ќе се адаптира на големиот базен.

 

Со морскиот лав од Германија, пристигна и неговиот зоо-негувател, кој во наредните денови ќе му помогне да се прилагоди на новото живеалиште.

Гете веќе е миленик на вработените, кои радосно го дочекаа неговото доаѓање и сите заедно помогнаа малиот морски лав веднаш да се опушти.