Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обидат на секаков можен начин да го задржат во своите редови францускиот интернационалец, Н’Голо Канте.
Одличниот играч за врска веќе подолг временски период важи за најголема желба на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, чии челници се подготвени да одвојат околу 100 мил. евра за обештетувањето на репрезентативецот на Франција.
Слична таква понуда за време на летниот преоден рок би требало да испрати и актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М).