Португалскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Жоао Кансело, потврди дека не е задоволен од третманот во Торино и додаде дека би немал ништо против доколку ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Италијанските медиуми открија дека неговиот агент, Жорге Мендеш, во изминатите неколку дена остварил контакт со челниците на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кои покажале голем интерес за услугите на неговиот клиент.