Канада во следните три години ќе прими над милион мигранти

222

Канада во следните три години ќе прими 1.080.000 мигранти, пишува Бусинесс Инсидер.
Оваа држава со речиси 37 милиони жители се соочува со проблеми како што се стареењето на населението, пад на наталитетот и следствено, недостиг на работна сила па одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.
– Растот на бројот на мигранти, особено на економските, ќе ни помогне да ја одржиме работната сила, економскиот раст и да ја стимулираме иновацијата, пишува во извештајот на владата.
Но треба да се има на ум дека канадската влада не “повикува” секого во нивната татковина. За да се квалификувате за постојан престој во таа земја, мора да имате најмалку една година завршено образование по завршувањето на средното образование, една година работен стаж и течно да зборуваат англиски или француски јазик.
Канада минатата година одобри постојан престој за околу 310.000 мигранти, а годинава таа бројка може да се зголеми на 350.000, во 2020 година на 360.000, додека во 2021 година се планира пораст на мигранти во Канада за 370.000 луѓе. Ова значи дека Канада секоја година ќе прима број на мигранти еднаков на еден процент од населението во целата земја, што не е необично за држава во која еден од пет жители е роден надвор од државата.