Кам – бек на Предраг Самарџиски

112

По три ипол годишна пауза, македонскиот кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски (32) повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје. Тој овој пат потпиша договор со „металците“ со важност до крајот на сезоната.

Центарот се враќа во добро позната средина, каде што настапуваше во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула со овој тим. Во изминатите две сезони тој беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира по скршеницата на раката, а која заздравува побавно од очекувањата.

Пред тимот од Аеродром е серија на тешки натпревари, поради што се надеваат дека искуството на Самарџиски ќе придонесе за полесна реализација на плановите.