По пауза од две и пол години, повремениот репрезентативец на Франција, Тангуи Ндомбеле, повторно ќе го облече дресот на Олимпик од Лион. Офанзивниот играч за врска во 2019 година ги напушти редовите на Лион откако клупските челници ја прифатија понудата на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем вредна 54 мил. фунти. Сепак, дефанзивниот играч за врска во изминатиот период го загуби првотимскиот статус и затоа му беше дозволено да се врати во Лион како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.