Италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обиде повторно да ги осигура услугите на младиот играч за врска од редовите на Реал (М), Брахим Дијаз. Шпанецот кој игра за репрезентацијата на Мароко три сезони настапуваше како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а поради малата минутажа во актуелната сезона Дијаз повторно се поврзува со седумкратниот европски клупски шампион.