Најмалку четири лица загинаа, а 17 се повредени во верижен судир на автопатот 96 во американската сојузна држава Мичиген, соопшти денеска полицијата.
Судирот се случил во близина на градот Вебервил кога пикап влетал во колона од десетина возила во југоисточен Мичиген, пренесе АП.
Возилата беа запрени во колона поради привремен прекин на сообраќајот поради работи на далноводи.