Каменичката деветолетка доби опрема од МОН за следење на кабинетска настава по хемија

36

Деветолетката „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица се приклучи на училиштата кои добија опрема и инвентар за подобро следење и одвивање на кабинетската настава по предметот хемија. Активноста како што информираа од деветолетката се реализира како дел од проектите на МОН за опремување на кабинети по природни науки во основните училишта во државата.

-На наше огромно задоволство, училиштето доби комплетно нов кабинет по предметот хемија, каде учениците ќе можат да уживаат во тајните на хемијата. По уредувањето на кабинетот по хемија, во Основното општинско училиште во Македонска Каменица, ќе биде доделена опрема и за кабинетите по биологија, математика и физика, истакнаа од ООУ „Св.Кирил и Методиј”.

Од училиштата од регионот нова опрема пристигна и во Општинското основно општинско училиште „Ванчо Прке“ во Делчево.

-Како дел од проектот на МОН за опремување на кабинетите по природните науки во основните училишта во Северна Македонија, нашето  училиште, на наше огромно задоволство, доби комплетно опремен кабинет по хемија во кој учениците ќе можат да уживаат  во откривањето на тајните на хемијата, соопштија од ООУ „Ванчо Прке“.

Претходно нова опрема доби и деветолетката „Св.Климент Охридски“ од Делчево.