Кампањата на Камала Харис собрала околу половина милијарда долари донации

128

Предизборната кампања на кандидатката на Демократската партија на претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собрала околу половина милијарда долари донации откако таа стана претседателски кандидат, пренесува Ројтерс.

Според неколку неименувани извори, Харис собрала 200 милиони долари во првата недела откако беше избрана за кандидатка, а во јули собрала вкупно 310 милиони долари.

Кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп во јули инкасирал околу 138 милиони долари, а до почетокот на август имала вкупно околу 327 милиони долари.

За време на изборната кампања во 2020 година, американскиот претседател Џозеф Бајден собра нешто повеќе од милијарда долари.

Собраните пари за време на кампањата се клучни за рекламирање и привлекување на гласачите на гласање, како и за додворување на неопределените гласачи.