Камала Харис го објави својoт здравствен картон, сега е ред на Трамп

24

Потпреседателка на САД и кандидатка на Демократската партија за претседателските избор, Камала Харис, го објави својот здравствен картон, кој потврдува дека е во добро здравје и способна да ја врши функцијата.

Како што пренесува BBC, Харис со оваа објава направила нешто спротивно на својот противкандидат Доналд Трамп, кој одбива да сподели информации за своето здравје.

Документот кој го објави Белата куќа, потпишан од докторот Џошуа Симонс, покажува дека најновиот лекарски преглед на Харис во април потврдува дека таа води активен стил на живот со “многу здрава исхрана”.

Иако има сезонски алергији и повремени осипи, не користи цигари и умерено консумира алкохол.

“Има физичка и ментална издржливост потребна за успешно извршување на претседателските должности”, напишал докторот во извештајот.

Соработник на Харис изјави дека таа решила да објави информации за своето здравје за да укаже на фактот дека Трамп тоа одбива да го направи.

Кампањата на Харис се фокусира на нејзината предност во младоста и транспарентноста, посочувајќи на тоа дека Трамп е најстар кандидат за претседател.

Докторот на Белата куќа во 2018. година, за време на мандатот на Трамп, изјави дека Трамп бил во одлично здравје, но требало да ослаби и да воспостави рутински вежби.

Симонс спомена дека алергиите на Харис се под контролa, а осипите реагираат на лечење со антихистаминици.

Харис последните три години е на алергенска имунотерапија и редовно ги прави профилактичките здравствени прегледи, вклучувајќи колоноскопија и годишни мамографији.