Од промоцијата на албумот, преку концертот на Хераклеја, до арената во Скопје!
Македонската поп-дива Калиопи не мирува. Но тоа не значи дека „збеснува“. И да „збеснува“, тоа е во онаа позитивна смисла со многу позитивни вибрации. Онака како тоа го знае Калиоипи, јужњачки темпераментно. Најпрво, за овој 29 мај со почеток во 12 часот, во просториите на „Воденица Мулино – Вински клуб“ популарната балканска пејачка ќе одржи голема прес-промоција на нејзиниот нов албум. За новинарите, нејзините постојани поддржувачи. Воедно тоа ќе биде и одбележување на нејзината успешна 40-годишна музичка соработка со хитмејкерот композиторот Ромео Грил (некогашен сопруг на Калиопи).
–
И тоа не е сè од Калиопи. Таа вредно работи на своите следни македонски солистички концерти. Во големи подготовки е за концертите во Битола на Хераклеја ова лето 20 јули, што секако и поради самата специфична локација, тој концерт ќе „дише“ со специфичната атмосфера.
–
–
Вториот концерт малку временски ќе попричека, бидејќи ќе биде на есен на 19 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Што значи, подготвувајте се да пеете и танцувате со Калиопи, заедно со нејзините мега-хитови, секогаш омилени кај публиката: „Дали ме сакаш“, „Црно и бело е сè“, „Обои ме“, „Ако денот ми е ноќ“, „На пат кон Македонија“, „Мелем“, „Вучица“, „Кофер љубави“, „Лео“, „Да море зна“….и секако на сите најомилената песна „Бато“. Д.М.