Сцената што неодамна му се случила на едно германско семејство додека се возеле по автопатот кај Сарбрикен изгледа како трилер, кога нивното семејство било опкружено со мотоциклисти. Сопружниците и нивните две мали деца се враќале дома кога здогледале речиси 50 мотоциклисти како им приоѓаат.
– Не беа препознатливи бидејќи имаа очила за сонце и марами. Тие се појавија кога бевме на раскрсница. Сакавме да ја смениме лентата и го вклучивме трепкачот. Еден од мотоциклистите дури ни даде знак да поминеме – рекла жената (33).
Како што пренесува магазинот Феникс, штом го направиле тоа, почнале проблемите. Жената вели дека мотоциклистите ги опколиле и им свиреле, а потоа почнале да успоруваат додека семејството не било принудено да се повлече на споредната лента на автопатот.
– Му викнав на сопругот (36) веднаш да ја заклучи вратата од автомобилот. Некои возачи се симнаа од моторите, кажаа нешто и ни пријдоа. Потоа почнале да удираат по прозорците. Бевме многу исплашени, особено децата – продолжи жената, наведувајќи дека еден од моторџиите покажал и оружје.
За да го заштити сопругот, 33-годишната жена се исправила пред него.
– Се наведнав пред сопругот затоа што мислев, ако му пукаат во глава – никогаш нема да избегаме одовде, рекла жената.
На крајот, семејството решило да тргне полека. Сопругот го стартувал возилото, а мотоциклистите го следеле. Сепак, на крајот мотоциклистите свртеле на излезот од автопатот.
На следното одморалиште семејството веднаш ја известило полицијата. Полицајците сега со помош на фотографии од камерата трагаат по сторителите.