Како со користење на дождовница до заштеда на водата за пиење

102

Во рамки на проектот „Еразмус +“ во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Волково ќе се реализира активност „Соработуваме за зелена иднина“.

– Главната цел е да ја зачуваме средината еколошки зелена и чиста и да им оставиме аманет на идните генерации да ја одржуваат чиста – велат од училиштето.

Оттаму додаваат дека по тој повод следната недела ќе се одржи одржи третата мобилност во ООУ „Јоаким Крчовски“, а гости ќе бидат наставници од Италија и Турција кои заедно ќе работат како со користење на дождовница да ја заштедиме водата за пиење.

Воедно, наставниците ќе ги посетат и кањонот Матка, како и пречистителната станица во Ново Село.