Светот, со насмевки и здравици ја поздрави Новата 2019 година. Но секоја држава има различни обичаи кога е во прашање прославувањето на Новата година.
Еве како се слави Новата година ширум светот.
Данска
Данците кршат чинии! И тоа пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате. Така, ако некој во полноќ ве гаѓа со чинија, не се лутете, веројатно е Данец.
Кина
Кинезите слават лунарна Нова година, а тоа е празник на пролетта. Од Кинезите сешто може да се научи и да се примени во домашни услови, бидејќи тие тогаш детално ги чистат становите и куќите како симбол на фрлање на се што е старо, а на улиците се организираат церемонијални прослави со големи хартиени змаеви како симбол на моќ и успех. Тоа е лесно, кога продаваат евтини чинии на Данците.
Јапонија
Во Јапонија се слави цел декември и се одржуваат забави под името Боненкаи, на кои целта е да се остават лошите работи зад себе и да се подготват луѓето за нов почеток.
Тогаш ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат ни помалку ни повеќе туку 108 пати, за да избрка 108 човечки слабости. Потоа сите се смејат бркајќи ги со смеата лошите духови. Ако се само 108 човечки слабости и ние би се смееле.
Австрија
Не прават ништо посебно. Подготвуваат малку подобар ручек, а како десерт послужуваат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Да замислиме сцена дека сте некаде на Алпите, завеани преку покривот на вашата куќа и седите и јадете сладолед од ментол.
Италија
Италијанците по дефиниција се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно толку злото побрзо ќе избега.
Има логика, бидејќи колку е поголема бучавата, секој ќе побегне. Тоа не е се. Исто така од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека. И тоа преку прозорец. Од друга страна, стар сицилијански обичај вели дека среќата ќе дојде на тие кои на Нова година јадат лазањи.
Грција
На први јануари починал еден од најважните светци на Грчката православна црква, Свети Василије, па тој датум е многу важен за Грците. Легендата вели дека овој светец го красела добрина и великодушност за сиромашните. Имено, Свети Василије добил задача да собере данок од луѓето за државата. Меѓутоа, тој донел накит кој луѓето го оставиле, на што властелинот се нажалил и се одлучил на луѓето да им го врати златото. Ова е легенда и затоа не се крстете, не се случува во вистинскиот живот. На Василиј му била доделена задача целиот накит да го врати назад, но проблемот бил во тоа што тој не знаел кое парче накит на кого припаѓа.
Замислил одличен план. Подготвил голема торта во која го ставил целиот накит, а на градскиот плоштад на секој човек дал по едно парче. И се случило чудо, секој во своето парче торта го нашол истото парче накит кој го оставиле како данок. Од тогаш во центар на секоја новогодишна трпеза во Грција се става Василиева торта, чии парчиња внимателно се посветуваат и прво се дава на Св. Василиј на небото, а потоа по ред на сите во семејството. Всушност во тортата се става златна паричка, а тој што ќе ја најде паричката ќе биде посебно среќен во Новата година. Посебно ако најде поголема сума. Во грчката митологија прославата за Нова година имала поинакво значење.
Норвешка
Норвежаните се честат со пудинг од ориз. Во пудингот е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа. Кога сме веќе кај извлекување на нешто од колачи или торти, многу е подобро да се биде Грк.
Шпанија
Шпанците мора да изедат 12 зрна грозје. Тоа е држава, кога имаат грозје во декември. Можеби треба да јадат суво грозје? Во секој случај по едно за секој месец и нема проблеми со среќата, ни со варењето.
Куба
Како што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината. Замислете им го изразот на лицето, додека ги јадат.
Бразил
Во Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека. Наводно за среќа и мир во годината која следи. Со оглед дека Бразил е на јужната хемисфера и дека тогаш е лето, сосема е убаво да се биде во бел костим за капење.
Колумбија
Оваа традиција е поврзана како за Колумбија, така и за повеќе латиноамерикански земји. Во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година, потоа истата се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој член на семејството пишува што би сакал да фрли во Новата година. Претпоставуваме дека не ги пишуваат имињата на останатите во домот.
Кога сето тоа убаво ќе се спакува и сошие, куклата се изнесува надвор на тремот на куќата и се пали точно на полноќ. Се остава да гори се додека не се претвори во пепел, бидејќи дури тогаш со сигурност е истерана несреќата. Меѓутоа, не ни е познато што прават Колумбијците кои живеат во станови. Дали палат кукли на тераса?
Латинска Америка – остаток
Цела Латинска Америка пред Новата година бара гаќички со одредена боја, во зависност од земја до земја, црвени, розови или жолти. Бразил, како што видовме, налага бела боја.
Холандија
Холанѓаните за дочекот се подготвуваат правејќи крофни, бидејќи веруваат дека тоа носи среќа. Позната е Холандиската штедливост, а сега се гледа и дека се радуваат на мали работи. Според ова излегува дека секој слаткар е среќен до небото.
Евреите
Со оглед дека се наоѓаат во целиот свет, не може само да се каже Израел, но тие исто така слават друга Нова година, а за тоа друг пат. Кога слават јадат само слатки јадења што се смета за симбол на плодност и долговечност. Веројатно овој обичај е од далечното минато, пред сознанијата за штетноста на шеќерот во поголеми количини.
Во некои земји обичаите налагаат долната облека да се облече наопаку. Но, новогодишните обичаи на секаде се различни.
www.lookerweekly.com