Со серија постери поставени насекаде, од Москва до најдалечните сибирски населби, се фали „непобедливоста“ на руското оружје: на постер со хеликоптер пишува „Тој ќе те најде. Тој е злобен. Тој е наш предатор“, а под слика на тенк пишува: „Дали го слушаш? Бучава на неизбежната одмазда“ Има и постер на кој руските војници се стилизирани како икони, дури и со ореол околу главите. Пораката е повеќе од јасна: војната е светост. Да се каже или дури и да се мисли поинаку е еднакво на богохулење. На еден постер е сосема јасно кажано: „Ако Бог е со нас, тогаш кој е против нас?
Сo месеци на Стар Арбат, најпознатата московска улица, се истакнуваат плакати во кои се велича „специјалната операција“. Војна е забранет збор.
Со серијата постери се фали „непобедливоста“ на руското оружје: на постер со хеликоптер пишува „Тој ќе те најде. Тој е злобен. Тој е наш предатор“, а под слика на тенк пишува: „Дали го слушаш? Бучава на неизбежната одмазда“ Има и постер на кој руските војници се стилизирани како икони, дури и со ореол околу главите. Пораката е повеќе од јасна: војната е светост. Да се каже или дури и да се мисли поинаку е еднакво на богохулење. На еден постер е сосема јасно кажано: „Ако Бог е со нас, тогаш кој е против нас?
Граѓаните поминуваат покрај плакатите и веќе и не ги забележуваат. Дека е војна, тоа им е јасно на сите. А исто така им е јасно дека лесно можат да завршат зад решетки доколку критикуваат, или „дискредитираат“, како што вели законот. Опозицискиот активист Иља Јашин заврши во логор, се додека не беше разменет летово, само затоа што на Јутјуб изјави дека може да има одредена вистина во извештаите за масакрот што го извршија руските војници во Буча, пишува Дојче веле.
Во затвор не се праќаат само активисти. Надежда Бујанова е педијатар. Има 68 години и лекува деца во Москва. Не ја држеше устата затворена пред едно момче кое дојде на преглед со мајка му, вдовица на војник кој загина во Украина. Мајката веднаш ја пријави во полиција, а на судењето никако не беше разјаснето што навистина рекла докторката, а што разбрала мајката. Дури и тоа беше доволно за судот докторката да ја осуди на пет и пол години во затворски логор.
Илјада дена војна во Русија значи и илјада дена воена пропаганда. И тоа го има насекаде: од пешачката зона на Москва сè до најоддалечените населби на Сибир. На телевизија се редат вести за воени успеси. Секогаш има само успеси и разговори со „експерти“. И сите го кажуваат истото: ние не сме виновни за ништо, но сите тие во Украина се фашисти и поттикнувачи на војна во Европската унија. И нашата победа е сигурна. Насекаде има плакати со војници на бојното поле, деца кои танцуваат во униформи на училишни настани, насекаде. Дури и на илјадници машини за билети за јавен превоз во Москва има огласи кои повикуваат на воена служба. Ако патриотизмот не е доволна мотивација, тогаш има и пари: пишува дека можете да заработите до 50 илјади евра веќе во првата година од воениот рок на фронтот. За оние кои стенкаат под товарот на долгови, а такви има многу во Русија, униформата лесно може да стане единственото решение, пишува Дојче веле, пренесува Индекс.хр.
Илјада дена војна за Русите значат илајда дена страдање. Низ градовите во Русија се редат нови гробови на војници чии тела пристигнале во лимени ковчези. Руските извори во своите вести за „победи“ и „успеси“ воопшто не зборуваат за бројот на жртвите. Новинарите од британската Би-Би-Си, радио кое не може да се слуша во Русија, се потрудиле да ги избројат некролозите и известувањата за смрт што можат да се најдат на Интернет и стигнале до бројка од 77 илјади мртви. Ова е проверена информација, со име и презиме на секој од нив. Дури и според умерените процени на западните воени експерти и разузнавачки служби лесно може да има двојно повеќе загинати, а да не зборуваме за тешко ранетите и идните воени инвалиди.
Всушност, руската пропагандна машина сè уште зборува за Украинците како „браќа“ кои биле заведени од фашистите, но јавноста тешко дека има разбирање за страдањата што им се нанесуваат. По 1.000 дена пропаганда и притисок, колку Руси ја поддржуваат војната и политиката на Путин речиси е невозможно точно да се каже. Истражување на независниот институт „Левада“ покажа дека дека Путин ужива убедлива поддршка од граѓаните. Минатата недела Институтот за социологија на риската Академинја на науки објави дека според новото истражување “специјалната операција” ја поддржуваат 78 отсто од уиспитаниците, а нивниот број расте. Како што пренесува Индекс.хр. директорот на институтот Михаил Горшков тврди дека според овие бројки јасно се гледа дека Русија веќе не е на коленици. Таква порака се чита и на еден од плакатите во Арбат на кој пушува “Руската мечка допрва се буди. Ова е само почеток“.