Како од неверојатно стана прекрасно муслимани да живеат во ноќен клуб полн со алкохол: „Скајбар“ во Бејрут стана  дом на над 400 Либанци кои побегнаа од израелските ракети

106

Многу врати во Бејрут, вклучувајќи и некои џамии, биле затворени кога луѓето од јужен Либан бегале од израелските ракети, без да погледнат зад себе во уништените домови. Талал Ал Махди, човек кој е сметен во клубот, за НБЦ Њуз вели дека тие се таму затоа што сопственикот на клубот им дозволил. Да, тоа е малку чудно. Но сопственикот е верник, тој е човек со свест, тој се плаши од Алах. Други кои велеа Алах Акбар беа затворени, изјавува тој за телевизијата.

 

До пред неколку недели во култниот ноќен клуб „Скајбар“ во Бејрут ечеше музика, настапуваа музичари, се танцуваше, се правеа луди журки. А деновиве, од музика може да се слушне само по некоја тажаленка испеана од жена која се засолнила таму од жестоките израелски напади на Либан.

Луксузниот ноќен клуб „Скајбар“ сега е нешто како бегалски камп, прибежиште на внатрешно раселени Либанци. На подиумот, масите, седиштата, насекаде е распослана облека, постелнина, разни намирници потребни за опстанок на луѓето кои станале бегалци во својата земја. А на полиците сè уште стои алкохолот што се служел таму кога атмосферата била весела.

-Сега го сменив својот став. Да се живее во ноќен клуб е рај. Дури и ако дојде крај на светот би дошла тука, шеговито, низ смеа вели за НБЦ Њуз една од жените муслиманки засолнати во клубот откако во израелските ракетни напади останала без дом.

Во клубот сè уште е и старото обезбедување. Истите чувари кои биле таму кога се танцувало, сега се грижат за безбедноста на раселените.

Муслимани, верници, да живеат во ноќен клуб, уште и полн со алкохол, е повеќе од необично, просто неверојатно. Но, во овие услови тоа е сосема оправдано, дури и прекрасно. Многу врати во Бејрут, вклучувајќи и некои џамии биле затворени кога луѓето од јужен Либан бегале од израелските ракети, без да погледнат зад себе во уништените домови. Талал Ал Махди, човек кој е сметен во клубот, за НБЦ Њуз вели дека тие се таму затоа што сопственикот на клубот им дозволил.

-Да, тоа е малку чудно. Но сопственикот е верник, тој е човек со свест, тој се плаши од Алах. Други кои велеа Алах Акбар беа затворени, изјавува тој за телевизијата.

Додава дека сметувањето во ноќниот клуб им е подобро отколку во хотел со пет ѕвезди.

-Сместени сме тука, спиеме, комотно ни е, имаме услуга 24 часа. Струјата тука не се исклучува, но надвор се исклучува. Сè е безбедно, вели Ал Махди.

Сопственикот на клубот, кој сака да остане анонимен вели дека со помош на хуманитарни организации ги обезбедува лицата кои сега живеат во барот со основните работи, вклучувајќи по три топли оброци во денот.

На паркингот пред локалот, каде до неодамна се паркираа луксузни автомобили, како што пренесува Глас на Америка, исто така сега живеат луѓе, во големи и мали шатори, а децата си играат.

„Скајбар“ сега е дом на над 400 внатрешно раселени лица, кои стравуваат дека некогаш воопшто ќе имаат каде да се вратат.

Хусеин Абас е еден од нив. За Глас на Америка тој раскажува дека е од Аитарун во јужен Либан, место кое е сосема разурнато при израелските напади.

-Заминавме оттаму со моето семејство и побегнавме овде, вели тој.

Се проценува дека во Либан има повеќе од 340 илјади раселени лица. Делот на Либан што граничи со Израел е во средиштето на војната што ја водат Хамас и Израел. Сè почна на 7 октомври лани кога Хамас го нападна Израел со образложение дека се става во заштита на Палестинците во Газа. Без малку една година потоа Израел почна со жестоки воздушни напади на Либан, поради раселувањето доби на интензитет, а неодамна имаше и копнена офанзива.