С.Ј. (73) од Пожаревац е уапсен поради сомнение дека предизвикал три сообраќајни незгоди управувајќи автомобил на автопатот Белград-Ниш во спротивен правец, соопшти денеска Полициската управа за Смедерево.
Тој предизвикал сообраќајни незгоди меѓу наплатните рампи Пожаревац и Колари, при што го сторил кривичното дело загрозување на јавниот сообраќај.
Утрово околу 9 часот неговиот автомобил кој го возел во спротивен правец, откако свртел на автопатот кон Ниш, удрил во друг автомобил, но С.Ј. продолжил понатаму.
Тогаш еден од автомобилите, чиј возач видел како кон него доаѓа друг автомобил, управуван од С.Ј., излетал на средната лента за да го избегне и удрил во камионот, се вели во соопштението.
Автомобилот на С.Ј. бил, како што се сомнева, сè уште на лентата за претекнување кога удрил во комбе на Војската на Србија, со седуммина воени лица на задача.
Во првите два судири нема повредени, а во третиот полесно е повреден еден војник, како и С.Ј. кој има скршеница на носната коска, соопштија од Полициската управа Смедерево.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде изведен пред Обвинителството.