Како до повеќе пари во новата година? Накитете ја елката по фенг шуи и привлечете благосостојба

219

Местото за елката е исклучително важно според фенг шуи, за да привлечете пари и благосостојба во наредната година.

Сите се трудиме идната година да ја направиме подобра, поубава и посреќна од претходната. За да го постигнеме тоа често користиме „трикови“, а тука е и добро познатиот фенг шуи.

Фенг шуи не само што помага во уредувањето на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди совети како да ја уредиме новогодишната декорација за да создаде позитивна енергија во домот. Според фенг шуи, местото за елката е исклучително важно бидејќи ќе ви донесе хармонија.

Ова се најдобрите места за новогодишна елка
Зимзелено дрво симболизира долговечност и пријателство. Според признатите експерти за фенг шуи, триаголната форма на елката се смета за симбол на „оган“, а најдобро место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол на вашата куќа.

Овој простор се смета за „област на богатство“, а триаголните форми и предметите направени од дрво се особено моќни. Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Исто така, добри места за новогодишни елки се генерално сите агли на вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што енергијата ќе се стабилизира во овој период, кога пандемијата на корона вирусот е сè уште во полн ек.

Ако сте ја поставиле елката на север, украсете ја со сини, бели, сребрени и златни украси од стакло. Дрвото на запад или северозапад треба да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, никогаш во црвено.

Доколку елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се украсите во жолти и црвени тонови и многу керамички орнаменти, додека не се препорачуваат бели и сребрени бои.

За да придонесе за подобра семејна врска, пожелно е секој член да постави барем по еден украс на елката, бидејќи со тоа ја става и својата лична енергија. Каде и да ја поставите вашата елка, погрижете се да не го блокирате протокот на енергија низ вашиот дом.

Не смее да се поставува на места што го блокираат протокот на енергија, преку предниот влез или премногу блиску до вратата.

Можеби ќе треба да го преуредите просторот во просторијата каде што ја ставивте елката. Ако го направите ова, бидете сигурни дека мебелот не го блокира просторот за одење или протокот на енергијата „qi“. Можеби ќе сакате да преместите малку мебел во друга просторија за време на празниците за да овозможите енергијата слободно да тече низ просторот.

Места на кои не смеете да ставите елка според фенг шуи
– Во ходникот или просторијата каде што може да го блокира преминот

– Во областа каде што ќе се меша со протокот на енергијата Чи

– Премногу блиску до извор на топлина или камин, каде што може да предизвика пожар или побрзо да се исуши ако е реално.

Домашна декорација

За да постигнете позитивно расположение, генерално, користете многу темно зелена боја во новогодишната декорација на куќата. Во домот има прекумерно количество огнена енергија (запалени свеќи, сеприсутна црвена боја и украсно осветлување кое придонесува за кавги и нервоза, а темнозелената боја успешно ја впива.

Зимзелени гранчиња, венчиња, украси и зелени покривки за маса совршено ја балансираат енергијата на просторот.

Деновиве често се фотографираме себеси, па пожелно е да се има предвид дека фотографијата со тројца наредени во еден ред е крајно неповолна. Во случај семејството да се состои од три лица, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што на горната позиција е поставена личноста која најмногу заработува.

За пријатна атмосфера, запалете арома светилка со масла од мандарина, портокал, лимон или цимет секој ден.

ИЗДВОЕНИ