Поради брзината на секојдневниот живот кога сме на работа, честопати забораваме да се храниме здраво.
Со оглед на тоа што поминуваме осум часа на работа, а некогаш и повеќе времето ручек брзо знае да дојде. Затоа, кога сме гладни, посегнуваме по она што е најблиску и најлесно за нас да го купиме, а тоа се обично печива, пици, хамбургери и сите оние нездрави, мрсни јадења кои освен што му штетат на нашето здравје, нè прават и подебели.
Сепак, сето ова може да се промени со многу малку напор и правилно планирање на исхраната за работа.
1.Подгответе оброци сами и однесете на работа.
Кога готвиме ручек за семејството, обично останува барем една чинија храна. Спакувајте го оброк и однесете го утре на работа. Зеленчук, месо или некоја чорба се идеален оброк што ви ја враќа енергијата и одржува ситост.
2. Станете 5 минути порано и подгответе здрав сендвич.
Интегрален леб, печено месо (што веќе го имате во фрижидер), туна, малку салата или сирење со малку маснотии – ова се само некои од состојките за вкусен сендвич што можете да ги јадете на пауза. Можете да додадете малку сенф и задолжително избегнувајте мајонез и масни додатоци.
3. Измешајте ги омилените житарки или мусли со јогурт
Повеќето канцеларии имаат фрижидер, каде што можете да чувате јогурт или кисело млеко. Измешајте ги омилените житни култури или мусли со јогурт и ќе добиете целосен оброк што ќе ве најаде до ручекот. Ако сте гладни во меѓувреме, засладете се со малку овошје (јаболката или банана кои се идеален извор на витамини и енергија). Овошјето е богато со растителни влакна, што дава подолго чувство на ситост.
4.Внимвајте што купувате, ако не сте понеле од дома
Ако не сте понеле ништо, можете да отидете во продавницата. Избегнувајте слатки и грицкалки, бидејќи тие нема да ве заситат. Изберете јогурт, конзерва туна со зеленчук и малку интегрален леб.
Во пекарницата, изберете кифли, ѓевреци или погачици од ‘рж, интегрални житарки, хељда или пченка. Можете да ги јадете со обезмастен јогурт. Вашето тело ќе ви биде благодарно. На тој начин нема да бидете во искушение да јадете бурек и кроасан, кои само дебелеат и создаваат дополнителни фрустрации.
5. Кога е итно
Кога ќе добиете неконтролирана желба да грицкате нешто, секогаш имајте при рака ореви, бадеми, лешници, суво овошје (грозје, сливи, смокви). Оревите се богати со минерали кои го хранат мозокот и ви даваат подобра концентрација. Што е најважно – нема да ви требаат чоколади и закуски. (M.A.)
МАРИЈА СОКОЛОСКА ОД ЛОНДОН ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ВЕЧЕР”: Прекумерната тежина во време на корона