Македонската фолк-ѕвезда Сузана Гавазова не се симнува од страниците на весниците, порталите и социјалните мрежи. Тоа е така кога си популарен, па баран на сите страни. На Гавазова убаво и тргнало на почетокот од Новата година.
–
После успешниот новогодишен настап во родната Македонија, таа за спомен покрај накитена елка по примерот на холивудските ВИП-личности направи и неколку фотографии со своите девојчиња, како и со сопругот Јасмин, кој е секогаш тука некаде со својата сопруга и како менаџер и како пријател, но и како моден советник. Овојпат пејачката се одлучи да биде облечена во фустанот со длабоко провокативно деколте и со длабок шлиц кој е мошне популарен, па многумина на социјалните мрежи искоментираа дека изгледа како да е излезена од модните писти.
–
Гавазова е на врвот на популарноста, актуелна во соседна Србија со спотот за хитот “Хало” кој го пее на српски јазик. Во меѓувреме подготвува и нова песна на македонски, за нашиот пазар. Ништо чудно наскоро од неа да чуеме и песна на шведски јазик. Со оглед на тоа што Гавазова не само што и таму од време на време живее, туку самата таа ни откри дека шведскиот го има одлично научено. Дуле М.