Казнети 193 возачи за брзо возење

27
Во полициска контрола на сообраќајот, вчера на територијата на државата биле казнети 193 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.
–  Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 94 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат контролите и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.