Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот од страна на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции и 21 мерка за возење без возачка дозвола.
-Изречени се и шест санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни возила во јавниот превоз и по седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), за нерегистрирани возила и за користење мобилен телефон при возење… – информираат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.