Казна од четири милиони евра за загрозување на конкуренцијата во Чешка

36

Чешкиот орган за заштита на конкуренцијата и изрече парична казна на компанијата Гарланд од околу четири милиони евра поради вертикални договори за утврдување цени во натамошната продажба, се наведува во билтенот на домашната Комисија за заштита на конкуренцијата (КЗК).

Се проценува дека тоа е највисоката парична казна што некогаш и била изречена на компанија од страна на чешкиот орган поради антиконкурентски дејствија.

Одлуката не е конечна и може да се поднесе жалба.

Се наведува дека Гарланд склучил и спроведувал рестриктивни договори со своите дистрибутери преку директно утврдување на препродажните цени во периодот од средината на 2013 година до средината на 2019 година.

Целта на таквите договори беше да се елиминира конкуренцијата меѓу дистрибутерите на Гарланд на пазарот на градинарски машини и опрема и алатки за домаќинство (опрема за хоби) во Чешката Република.

Со одлуката на чешкото тело е забрането натамошно спроведување на таквите договори и изрече мерка парична казна за Гарланд.

Од компанијата е побарано да ги извести своите корисници за забраната за натамошна реализација и ништовноста на дадените договори, известуваат од КЗК.