Кажете им збогум на проблемите со вкочанетоста на рацете и нозете:Помошта доаѓа од 5 златни намирници

253
Кога некое лице само што почнува да се занимава со спорт или некоја физичка активност, или има направено долга пауза, може да се појави вкочанетост.

Обично го чувствуваме меѓу осум и 24 часа по тренингот, а причината за неа се смета за зголемена мускулна работа.

Непријатното чувство може да се намали со некои трикови, а меѓу нив е и консумацијата на одредени намирници кои ги намалуваат шансите за вкочанетост на рацете и нозете.

Црвен пипер од кајен

Овој зачин е многу корисен за опоравување после физички активности. Се смета за еден од најдобрите природни аналгетици бидејќи може да го блокира чувството на болка.

Храна со витамин Ц

За да го забрзаме закрепнувањето, мора да го храниме организмот со храна која содржи витамини и минерали, особено витамин Ц. Меѓу многуте намирници богати со витамин Ц, ги издвојуваме цитрусното овошје, јагодите и брокулата.

Млеко

Млекото е идеално за враќање на енергијата, што го прави една од најдобрите намирници за намалување на вкочанетоста. Се препорачува да се испие чаша млеко 90 минути по завршувањето на тренингот.

Храна со таурин

Тауринот е амино киселина која неодамна е широко користена за промовирање на обновување на мускулите. Го има во пилешкото, морските плодови, рибата, јајцата и пивскиот квасец.

Кафе

Кафето е богато со феноли и кофеин, кој е клучен за блокирање на ефектите на аденозин. Ова соединение предизвикува болка и се ослободува при воспаление предизвикано од оштетување на мускулите. Кафето ќе ја намали болката и ќе спречи вкочанетост.