Каде лежи тајната – зошто некои заболуваат од корона и по два-три пати, а некои воопшто не?

Клучот во лекувањето на ковид-19 е во гените - ДНК. Испитувањето на човечките гени треба да биде клучот за лекување на инфекцијата со коронавирусот, вели Душан Кецаревиќ, познат молекуларен биолог и форензички генетичар од Србија

22456

Испитувањето на човечките гени треба да биде клучот за лекување на инфекцијата со коронавирусот, вели Душан Кецаревиќ, познат молекуларен биолог и форензички генетичар од Србија. Според него иако засега нема доволно информации за одредена резистенција на вирусот, постојат случаи низ светот, па и кај нас да се заразат сите членови на семејството, а еден од нив да биде отпорен. На ова сериозно прашање треба да одговори новата светска студија која што е во тек. – Ако има природен имунитет, тогаш тој мора да лежи во генетскиот материјал на човекот, наведува Кецкаревиќ

 

Кои се луѓето кои се отпорни на коронавирусот, дали нивната ДНК е клучна за лекување на болеста. На ова сериозно прашање треба да одговори новата светска студија што е во тек. Како што велат експертите низ светот се прават анализи за да се утврди кои се лицата што се природно отпорни на вирусот Сарс-Ков2, што ја предизвикува заразата со ковид -19.

Испитувањето на човечките гени треба да биде клучот за лекување на болеста, зборува на оваа тема за РТС, Душан Кецаревиќ, познат молекуларен биолог и форензички генетичар од Србија. Според него иако засега нема доволно информации за одредена резистенција на вирусот, постојат случаи низ светот, па и кај нас да се заразат сите членови на семејството, а еден од нив да биде отпорен.

Тој укажува дека засега нема доволно информации за вродена резистенција, односно вроден природен имунитет кон вирусот.

-Ако има природен имунитет, тогаш тој мора да лежи во генетскиот материјал на човекот. Анализата на овие луѓе споредена со оние кои се заразиле со вирусот, утврдува разлика меѓу нивните гени, во наследниот материјал. На крајот одговорот е дека можеби тој протеин, таа секвенца, варијанта ги штити граѓаните од ковид – наведува Кецкаревиќ и дополнува дека тие истражувања се мошне сложени и се прават на повеќе нивоа.

Според него благодарение на анализите според ДНК се дознава и тоа како вирусот мутира, во која варијанта од алфа, преку британски до делта сој.

-Во иднина ќе се знае на дневно, неделно и месечно ниво која варијанта на вирусот ќе биде присутна во популацијата и според тоа ќе се прават новите вакцини – смета Кецкаревиќ.

Според него епидемијата ќе продолжи, вирусот нема да исчезне, ќе го има, ќе егзистира, но дека можеби ќе мутира во таков сој кој веќе нема да биде смртоносен.

-Јас би рекол дека во тек е кохабитација на коронавирусот во човечката популација, вирусот се менува, а ние го издржуваме нападот. Ковид-19 ќе продолжи да егзистира, можеби ќе дојде до онаа варијанта слична на грипот и ќе се појавува сезонски. Во еден момент вирусот веќе нема да може да прави проблем и нема да биде важно дали го има или не, односно ќе биде инфекција на која веќе нема да ѝ се придава важност – смета Кецкаревиќ.

Тој вели дека нема да го изненади ако се открие нова вакцина која ќе се примени во исто време во целиот свет и со тоа ќе се стопира ширењето на вирусот. Познатиот српски форензичар информира дека наскоро ќе прими бустер доза и препорачува тоа да го сторат и другите граѓани.

(В.Ма.)
.