Женската кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада Албанија со убедливи 72:46 во рамките од второто коло на ФИБА Челенџер во Тибилиси. Убедливото водство кадетките го постигнаа уште на почетокот од натпреварот и на пауза заминаа со 34:19. Капитенот, Михаела Алексовска, натпреварот го заокружи со реализација на 32 поени.
Во првото коло од турнирот во Тибилиси, Северна Македонија, исто така, извојува убедлива победа од 91:53 и против Малта.
Следниот меч Македонија ќе го одигра денеска во 17 часот, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Ерменија.