Турските медиуми објавија шокантна информација поврзана со фудбалските кадети на Бешикташ, кои направиле хаос додека учествувале на еден турнир во Грција. Оваа информација прво ја објави германски „Билд“, кој тврди дека кадетите на турскиот гигант ангажирале проститутки додека играле на младински турнир во Грција, а на него учествувале играчи од 2003 генерација и помлади.

Неколку фудбалери се обвинети дека ангажирале проститутки за една ноќ, но тоа никој немало да го дознае доколку истите играчи не отишле следното утро на појадок заедно со нив. На останатите тимови кои биле сместени во истиот хотел им станала сомнителна целата ситуација, па пријавиле кај тренерот на Бешикташ. Меѓутоа, иако постојат докази за тоа, сепак од Бешикташ ги демантираа гласините.

  • Слушнавме за тој секс-скандал. Сепак, тоа што се пишува во медиумите не е вистина. Нашиот кадетски тим беше во Родос пред 40 дена. Еден играч ја покани својата девојка во хотел, но тренерите веднаш реагираа. Тој е надвор од тимот и тоа е сè што се случило, порачаа од тимот на Бешикташ.

Инаку, играчите на Бешикташ го освоија младинскиот турнир, откако во финалето славеа против врсниците од Панатинаикос со 2:1.