Македонската кадетска ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако ја совлада Полска со 30:25.
За разлика од првото коло, кога загубивме од Грција, овој пат доминиравме на теренот и со сигурна игра дојдовме до полн погодок.
Победникот беше решен на осум минути до крајот, кога Македонија поведе со 29:23, потоа промашувајќи и два зицери да стигне до уште поубедливо водство. На крајот, нашата селеција славеше со 30:25, за заслужено место во полуфиналето.
Исто така и женската кадетска репрезентација на Македонија денеска обезбеди пласман во полуфинале на ЕХФ шампионатот во Литванија со победата од 21:20 против Финска.