И Црна Гора има своја Катица – Уапсена поранешната претседателка на Врховниот суд

1192

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, синоќа е уапсена на аеродромот во Глубовци на пат за Белград, објави црногорскиот портал „Вјести“ .

Според првичните сознанија, Меденица е приведена поради основано сомнение за две кривични дела – создавање на криминална организација и за слоупотреба на службената положба.

Специјалното државно обвинителство во февруари годинава, од Еуропол добило транскрипти од разговорот меѓу синот на судијката, Милош Меденица и Дарко лаловиќ, долгогодишен телохранител на неговата мајка. Откако е направена селекција на повиците, во март е официјално потврдено дека Меденица користел криптуван телефон преку кој договарал шверц на дорга од Колумбија и криумчарење на цигари.

Токму во тие снимени разговори, Меденица обелоденил дека неговата мајка е запознаена со неговите нелегални дејствија и дека ќе ги заштити ако затреба „бидејќи многу им знаеЌ, алудирајќи на конкурентите во шверцот со цигари.

Специјалното државно обвинителство (СДТ), по добивањето на селектираните разговори, формирало предмет против Милош Меденица и го означил како еден од организаторите на криминалната група.

Весна Меденица беше на чело на Врховниот суд на Црна Гора полни 17 години, до оставката што ја поднесе кон крајот на 2020 година, наведува црногорскиот портал.