И тој се разведе – „Никому ни збор“, пејачот Џенан Лончаревиќ си стави точка на бракот со Самира

1262

Како да е некој вирус! Толку од нашата љубов. По 25 години брак, тој и мајка му сакаат да ме исфрлат од дома, од семејната куќа, проблемот е во имотот

Пејачот Џенан Лончаревиќ, кој е познат по хитот „Никоме ни ријеч“ (Никому ни збор) и кого имавме можност да го видиме и да го слушнеме неодамна, како дебитант на „Сплитскиот фестивал“, деновиве се разведе од сопругата Самира. Тие ги потпишале документите за развод, и со тоа и официјално му ставиле точка на својот брак. Во брачна заедница беа добри 25 години. Во медиумите испливаа шокантни детали од нивната брачна врска.

Самира тврди дека Џенан сакал да ја избрка од нивната семејна куќа во Пријепоље, Србија.

– Најголем проблем е имотот. По 25 години брак, тој и мајка му сакаат да ме исфрлат од дома. Веднаш би го потпишала барањето за развод, веднаш, но проблемот е во имотот. Џенан сешто купуваше, ставаше на име на мајка си. Се зборува дека сега ѝ купил стан на љубовницата во Белград. И пак е на име на мојата поранешна свекрва. Јас барам да се почитува законот во сето ова, не барам ништо повеќе.

Впрочем, јас сум вработена во суд, ја водам кривичната канцеларија и знам како оди сето тоа. Барам да се закажат предметите во законскиот рок, а тој и неговиот адвокатски тим сега бараат од сите страни итно да се забрза тоа. Ќе видиме како ќе заврши нашиот развод. Но, доста ми е веќе од сè со него. Толку од нашата љубов – вели навредената Самира.