Ако им веруваме на украинските медиуми, ракометниот шампион на оваа земја Мотор Запорожје е подготвен да стане дел од СЕХА лигата, откако преговорите за приклучок на овој клуб кон регионалното натпреварување влегле во завршна фаза.
Доколку се оствари ова СЕХА лигата дефинитивно добива на квалитет, особено што наредната сезона ќе се врати и унгарски Веспрем.
Раководството на регионалното натпреварување најави дека конечниот изглед на лигата и листата на сите учесници ќе биде обелоденета во текот на следниот месец.