„И кажувам на жена ми дека сум повреден, одам во стриптиз бар, а потоа…“

233

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Енди Ван дер Мејд, објави автобиографска книга наречена „The Next Next Big Thing“ и откри некои пикантни детали од неговиот живот.

За време на неговиот престој во Евертон помеѓу 2005 и 2009 година, Холанѓанецот редовно излегуваше на забава и често ги посетуваше локалните стриптиз клубови.

“И кажав на мојата поранешна сопруга дека сакам да одам во хотел бидејќи тогаш бев повреден и ми требаше одмор. Но, не беше така – едноставно ја изневерував”, откри поранешниот професионалец.

Сексот со стриптизетата го направи „зависник“. Неговата сопруга во тоа време, Дајан, се посомневала и ангажирала приватен детектив да го испита Ван дер Мејд и како тој ги поминува вечерите.

Детективот добро си ја заврши дадената работата и ја откри големата афера: „Приватниот детектив имаше снимки и фотографии од мене и мојата нова девојка, а потоа жена ми ми се јави и ме праша: „Како е твојата нова девојка?“. Тогаш го негирав тоа“.

Следуваше развод, а животот на Ван дер Мејд тргна во надолна линија: “Прав кокаин и алкохол и се забавував седум дена во неделата. Не можев да се концентрирам на фудбалот или на нешто друго. Забавата беше мојот живот”.

Холанѓанецот земал апчиња на рецепт и, според сопственото признание, дури две години ги крадел од канцеларијата на клубот. Дури во 2009 година реши да го напушти Евертон.

„Сфатив дека Ливерпул ќе ме убие. Морав да се извлечам од тоа“, напиша Холанѓанецот откако му требаше една година да најде клуб, потпишувајќи за ПСВ.

Сепак, неговата кариера не тргна нагоре и по уште еден престој во Емен, Ван дер Мејд се пензионираше во 2012 година.

Поранешниот репрезентативец на „лалињата“ сега жали поради тоа, велејќи: „Некое време бев второ најдобро крило во Европа зад Луис Фиго и понекогаш мислам дека пребрзо го потрошив времето“.