Тажната вест за смртта на Пеле го обиколи светот. Кралот на фудбалот, легендарниот Бразилец, трикратен освојувач на Светското првенство, остави длабока трага во сите сфери и за многумина остана запаметен како најдобар фудбалер. Аргентинците сигурно нема да се согласат со таа оценка, бидејќи дури имаат песна дека Диего Марадона е поголем од Пеле, но „Ел Пибе“ мислеше сосема поинаку.
- Не, не. Марадона е Марадона, а Пеле беше најдобар. Јас сум обичен играч. Не се обидувам да го имитирам Пеле, сите знаат дека тој беше најдобриот досега, рече Марадона, кој почина пред неколку години, покажувајќи почит кон Кралот.
Кога Марадона почина на крајот на 2020 година, Пеле тешко го прифати тоа и остави емотивна порака на социјалните мрежи дека се надева дека еден ден ќе играат заедно во рајот. Сега, кога и двајцата ги нема, светот остана без волшебници, чии слични нема и нема да се повторат, со сета почит кон асовите кои дојдоа по нив и можеби ги надминаа во некои работи.