И во 2018 добро заработиле: Џоан Роулинг најдобар бизнисмен меѓу писателите

64

Авторката Џоан Роулинг е добро позната како писателка која има смисла за бизнис, па заработката во текот на изминатата година не и ја донеле само нејзините познати книги за волшебникот Хари Потер туку и продажбата на играчки и облека со ликовите на јунаците кои ги создаде.

Нејзиното богатство е проценето на дури 1 милијарда долари, но овој факт не зачудува бидејќи таа го создаде ликот на Хари Потер, кој е екранизиран и драматизиран, со самото тоа претставува и добро продаден производ. Малиот волшебник, кој во меѓувреме порасна, освои милиони читатели низ светот. Но, заработката не е врзана само со овој лик. Како и да е 53-годишната писателка заработи многу пари во текот на изминатата година и тоа 54 милиони долари.

На второ место по заработката е бразилскиот писател Пауло Коелјо, чиј имот се проценува на половина милион долари. Познатиот писател на хорор приказни Стивен Кинг, пак, “вреди„ 400 милиони долари.

Нора Робертс, чие богатство се проценува на 390 милиони долари е на четврто место, а едно место подолу е Даниела Стил, чиј имот се проценува на 375 милиони долари. На списокот се и Џејмс Патерсон, со капитал проценет на 310 милиони долар, Џон Гришам со 200 милиони долари, а со исто толку пари можат да се пофалат и Стајн, Џефри Арчер и Ден Браун.

На листата најбогати писатели се и Џорџ Р. Мартин, Нил Гејмен и други.