И во Шведска рекорден број на новозаразени

89

Во Шведска се регистрирани 1.980 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостигот на тестови во тоа време.

Уште девет лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927.

Стапката на смртност во Шведска од коронавирус е неколку пати поголема од онаа на нејзините нордиски соседи, но сепак е пониска од поголемите европски земји како Шпанија и Велика Британија.

За разлика од другите земји, Шведска не воведе строги мерки во борбата против коронавирусот.