ИТНА РЕАКЦИЈА НА ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР: Нетанјаху свика седница на кабинетот за безбедност

337

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика состанок на неговиот кабинет за безбедност денеска во 19:30 часот.

Од кабинетот на еден од министрите кои ќе учествуваат на неа за The Times of Israel потврдија дека седницата ќе се одржи вечерва во воениот штаб Кирија во Тел Авив.

Состанокот се одржува во време кога Израел продолжува да се подготвува за напад врз Иран како одговор на нападот со балистичка ракета на земјата од 1 октомври.

Според соопштението на израелската армија, во текот на ноќта на 1 октомври Иран истрелал околу 180 ракети кон Израел, а меѓу целите биле аеродроми и писти, како и канцелариите на израелската меѓународна разузнавачка служба Мосад.

По иранскиот ракетен напад врз Израел, Нетанјаху на состанокот на Кабинетот за безбедност рече дека нападот не успеал, но дека Иран направил „голема грешка“ и дека „ќе плати за тоа“.