Италија нуди 30.000 евра за преселба во Тоскана, еве кој се може да аплицира – има само еден услов/ВИДЕО

406

Италијанскиот регион Тоскана се обидува да привлече нови жители со грантови во износ од 10.000 до 30.000 евра.

Имено, тие нудат пари за помош за покривање на трошоците за купување и реновирање куќа, а за овој поттик на располагање се 76 градови и села, пишува Форбс.

Според Форбс, грантовите се доволни за покривање до 50 отсто од трошоците поврзани со купување и реновирање на куќи во градовите со помалку од 5.000 жители.

Просечната цена за купување куќа во најефтината провинција Тоскана, Пистоја, е 1.472 евра за метар квадратен.

Има еден услов
Апликантите мора да бидат италијански државјани, државјани на Европската унија или граѓани кои не се членки на ЕУ со дозвола за долгорочен престој и мора да се регистрираат како жители во италијанскиот град по свој избор.

За граѓаните на САД заинтересирани за оваа можност, процесот вклучува неколку дополнителни чекори во споредба со граѓаните на ЕУ.

Американците прво мора да добијат дозвола за долгорочен престој, за која обично е потребен доказ за финансиска стабилност или понуда за работа во Италија.

Италијанското Министерство за животна средина објави студија од 2016 година која покажува дека речиси 2.500 градови се толку населени што нема да преживеат повеќе од 25 години.

Минатата година Си-Ен-Ен објави дека во земјата има околу 6.000 напуштени села.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alluring_toscana (@alluring_toscana)