Италијанската Владата на денешната седница донесе нови мерка за заштита од коронавирусот кои треба да стапат на сила на 15 октомври. Новите мерки се однесуваат на сите вработени кои ќе мора да покажат валиден здравствен сертификаст, во спортивно ќе бидат суспендирани од работа.
Целта на овој потег, како што истакнуваат, е да се уверат луѓето да се вакцинираат и да ја намалат заразата во една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот.
Работникот кој нема да покаже валиден здравствен сертификат ќе биде суспендиран без плата, но не може да добие отказ. Оние кои ќе го игнорираат указот и доаѓаат на работа без ковид-потврда, ќе добијат казна од 600 до 1.500 евра, јавува Ројтерс, кој имал увид во нацрт-мерката.
Иако некои земји од ЕУ им наредија на здравствените работници дека мора да се вакцинираат, ниедна пред Италија не одреди дека ковид-сертификатот е задолжителен за сите работници.
Идејата за ковид-потврда иницијално се однесуваше на патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува за места како музеите, салите за вежбање и внатрешните делови на рестораните.
Иако во последните недели имаше протести против тие мерки, повеќето политички партии, како и главните здруженија на продавачи, ги поддржаа во надеж дека нема да има понатамошни затворања на стопанството.
Лидерите на синдикатите се помалку склони на новите рестрикции и сметаат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат мора да добијат бесплатни тестирања за да одат на работа.
Италија, по Британија, има најмногу починати во Европа кои биле позитивни на коронавирусот, повеќе од 130.000 од почетокот на пандемијата.