Италија апелира за дијалог меѓу страните на Блискиот Исток

8

Во согласност со претходниот став, Италија ја потврдува потребата од дипломатски напори. Целта е повторно воспоставување на каналите на дијалог меѓу страните во конфликт на Блискиот Исток, соопштија денеска од кабинетот на италијанскиот премиерка Џорџа Мелони.

„Иако ситуацијата е драматична, состојбата на нашите граѓани, воениот персонал и цивилите присутни на либанската територија не покажува никаква промена во однос на изминатите неколку дена“, се вели во соопштението од кабинетот на италијанската премиерка, пренесува АНСА.